logo
logo
logo

Падна хрватски воен авион МИГ, најдени се двајцата пилоти (ВИДЕО)

Vecer | 06.12.2022

Падна хрватски воен авион МИГ, најдени се двајцата пилоти (ВИДЕО)

„И пилотите и авионот по кој трагаа се пронајдени во околината на општина Воќин“, пишува ХГСС.

Двајцата пилоти од соборениот двосед борбен авион МИГ 21 на хрватското воздухопловство се пронајдени живи. При неговиот пад пилотите успешно се катапултирале и слетале, известило Министерството за одбрана.

Пилотите се во стабилна состојба, надвор од животна опасност и ќе бидат пренесени во болница на лекарски преглед. Тие успешно се катапултирале од двоседниот авион МИГ-21, кој се урна за време на планирана тренинг активност кај Слатина. Два хеликоптери Ми-171 на хрватското воздухопловство, припадници на полкот на Воената полиција и едно беспилотно летало веднаш биле испратени на местото на несреќата заради пребарување и спасување.

Ангажирани се и оперативните сили на системот за цивилна заштита: интервентни единици за државна цивилна заштита, пожарникари, Хрватската планинска спасувачка служба, а на терен биле испратени и полицајци и ловџии.

МиГ-21 на Министерството за одбрана денеска се урна кај Воќин и тоа е седма несреќа на авион на Министерството за одбрана во последните дванаесет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk