logo
logo
logo

Ова го има само на Балканот: Босанец бил лажен поп, оџа и католички свештеник

Vecer | 16.05.2021

Ова го има само на Балканот: Босанец бил лажен поп, оџа и католички свештеник

Откриен лажен поп, оџа и кaтoлички cвeштeник – вршел верски обреди во сите три религии

Не за џабе велат дека Балканот е посебна приказна каде се испомешани сите вери и религии.

Еден снаодлив млад човек во Босна долги години работел како поп во помалите села и служел помени, но и осветувал вода за Велигден па дури и крстил и две. Мештаните биле многу задоволни од него па му давале и екстра пари.

Но, тоа не му било доволно и тој го искоритил факттот што Босна е мешана средина и почнал да работи и како католички свештеник во хрватските села дури и како надбискуп служел миси во Херцеговина објавува „Санџакданас“.

Сепак, она што било пресудно да го фатат е што се преправал и во оџа и служел „џенази“ но на муслиманските верници им станало сомнително и „оџата“ бил откриен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk