logo
logo
logo

Ова е Вучко, КОЈ ЈА УБИ ЦЕЛАТА СВОЈА ФАМИЛИЈА и минувачите во Цетиње

Vecer | 12.08.2022

Ова е Вучко, КОЈ ЈА УБИ ЦЕЛАТА СВОЈА ФАМИЛИЈА и минувачите во Цетиње

Станува збор за Вучко Бориловиќ (34) кој денеска во крвав настан во Цетиње, според последните информации, уби најмалку 11 лица и рани уште шестмина сограѓани. Меѓу жртвите има и деца. Во Клиничкиот центар на Црна Гора се префрлени четири лица, меѓу кои и полицаец кој Бориловиќ го застрелал во главата.

Не е познато дали напаѓачот се самоубил по злосторството или бил убиен од полицијата. По масакрот, Бориловиќ ја спречи брзата помош да им пријде на повредените.

РТЦГ дознава дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка бил убиен.

Во болницата во Цетиње се хоспитализирани 4 ранети, а двајца повредени во Клиничкиот центар во Подгорица. Ова е најголемата трагедија во поновата историја на Црна Гора. На 3 јуни 1992 година, Коста Дамјановиќ уби 9 лица во селото Пушоњски До кај Пљевља.

Вучко Бориловиќ (34), според првите информации го убил целото свое семејство, а потоа излегол на улица и пукал во луѓето.

-Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долгот е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убивал, но зошто неговата невина сопруга и деца - изјави за Курир видно потресен роднина на убиецот.

Како што дознаваме, Бориловиќ телефонски им се јавил да излезат од куќата, а потоа ги убил.

Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград. Беше оженет и татко на три деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk