logo
logo
logo

Ова е содржината на дојавата испратена за АТЕНТАТОТ на Вучиќ: На него требало да пука КОМАНДОС за хонорар од МИЛИОНЧЕ!?

Vecer | 24.01.2022

Ова е содржината на дојавата испратена за АТЕНТАТОТ на Вучиќ: На него требало да пука КОМАНДОС за хонорар од МИЛИОНЧЕ!?

Атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ бил нарачан од Јужна Америка, а егзекуцијата требало да се изврши во првата половина на февруари од снајперист, поранешен воен специјален агент кој, според сознанијата на Европол, претходно извршувал „црни операции“  за мафијата и западните служби!

Станува збор за доверливи информации до кои дошла полиција на земја од ЕУ и ги доставила до српското МВР на 14 јануари. Во дојавата се наведуваат бројни податоци – имиња на заговорници, имиња и адреси на параван-фирми кои учествувале во набавката и транспортот на оружјето што требало да се искористи за убиството, како и бројни други детални информации за планот за ликвидација на шефот на државата.

Според сознанијата на Европол, атентатот на претседателот на Србија директно го наредил водачот на озлогласениот „кавачки клан“, Радоје Звицер, кој според разузнавачките податоци моментално се наоѓа во Јужна Америка, најверојатно во Колумбија. Тој ангажирал поранешен воен специјалец за убиството и тоа преку посредник.

– Според Европол, атентаторот веќе извршил таканаречени „црни операции“ за мафијата и западните служби. За оваа работа му ветиле хонорар од еден милион долари, плус сите трошоци и логистика. Детално е планирано и негово извлекување од Србија по атентатот и „трајно сместување“ во јужноамериканска држава , пренеесува изворот од српското МВР за медиумите во соседството.

Во извештајот кој го добила полицијата се наведува дека атентатот на Вучиќ требало да биде извршен во првите две недели од февруари и дека се разработувале два плана.

Едниот план бил тоа да се направи на јавен собир, а другиот да се пресретне колоната на Вучиќ и да се предизвика сообраќајна несреќа по што ќе биде ликвидиран, пренесува изворот.

Се додава и дека во информацијата на европската полиција се споменуваат и имиња на двајца високопозиционирани политичари од регионот.

- Тие двајца во најмала рака знаеле се, а можно е и активно да учествувале во планирањето на убиството на Вучиќ, прецизира изворот од истрагата.

Европол го информирало српското МВР и дека оружјето за атентатот е купено во Словачка. Станува збор за најмодерен снајпер со голем дострел и разорна моќ, а во Србија требало да влезе преку Унгарија и Бугарија.

- Движењето на оружјето е покриено со хартии на фирми кои легално се занимаваат со трговија со оружје - открива соговорникот.

Информацијата за планираниот атентат на претседателот на Србија е соопштена во петокот, а Вучиќ рекол дека повод за ова би можело да биде тоа што и нанел сериозен удар на нарко-мафијата во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk