logo
logo
logo

ОВА Е ОПАСНО ЗАТИШЈЕ! Германците предупредуваат на можни вооружени конфликти на Балканот, најголема опасност зе заканува од Косово, а Босна...

Vecer | 07.05.2021

ОВА Е ОПАСНО ЗАТИШЈЕ! Германците предупредуваат на можни вооружени конфликти на Балканот, најголема опасност зе заканува од Косово, а Босна...

Балканот и југоисточна Европа исчезнале од меѓународните политички карти. Постојат очигледно многу важни проблеми и кризи околу кои САД и ЕУ мора да се грижат, се оценува во анализа на германскиот стручњак на магазинот “Меѓународна политика“.

Последица од наводната незаинтересираност е недостаток од “неопхпдни политички импулси, концепти и визија за решавање на бројните конфликти“.

Тоа е почетната теза на текстот под наслов “Опасно затишје“ објавено во германскиот стручен магазин “Меѓународна политика“, а го издава Германското друштво за надворешна политика. Автор на анализата е Томас Брај, долгогодишен дописник на агенцијата од подрачјето на Југоисточна Европа кој сега работи како професор за политика и новинарство на повеќе германски факултети.

Ни Брај, како и други странски посматрачи кои се сметаат за добри познавачи на приликите во регионот, не ја исклучуваат можноста од вооружени конфликти во тој “опасен метеж“, а причини за тоа, како што наведува се национализам, корупција, притисок на медиуми и на правосутството, како и индоктринација на младите.

БиХ во текстот се нарекува “пропадната држава“ Брај како причина за тоа е “кавгата меѓу муслиманските Бошњаци, православните Срби и католичките Хрвати која најчесто е пропратена со омраза“

Косово во текстот се нарекува “најголем извор на опасност“. Објаснување за таа теза спрема авторот е следна:

Србија својата покраина, која ја населуваат Албанци, не сакаат да отстапи од независност, бидејќи таму се наоѓаат средновековни српски манастири и бојни полиња“.

Авторот притоа наведува дека “никој не верува во скоро признавање на Косово од страна на Белград“, но и дека “никој, а најмалку Србите, неможат дури ни теоретски да замислат реинтеграција на Косово во државеен состав на Србија“, Западните политичари, како што се тврди “и понатаму тргнуваат од нереалната цел дека два соседа ќе можат да се мотивираат на меѓусебно признавање“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk