logo
logo
logo

Отворена истрага против Додик АМА обвинителите не кажуваат за кои дела

Vecer | 18.10.2021

Отворена истрага против Додик АМА обвинителите не кажуваат за кои дела

Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска соопштија дека отвориле истрага против српскиот член на државното претседателство, Милорад Додик, но не наведоа за што тој е осомничен.

Против лидерот на босанскохерцеговските Срби се поднесени неколку кривични пријави, а последната е денеска. „Обвинителството на БиХ ја известува јавноста дека по приемот на првата (кривична) пријава формиран е предмет и за него е одреден обвинител, а и останатите пријави, исто така, се во обработка“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Тоа значи дека обвинителите во моментов проверуваат дали има правна основа за кривично гонење. Најмалку четворица државни обвинители минатата недела побараа отворање истраги против Додик за неуставни активности, односно загрозување на интегритетот на БиХ.

Барањата следеа по неговите најави дека најдоцна до крајот на месецот ќе иницира донесување закони со кои Република Српска ќе го спречи работењето на Вооружените сили на БиХ, државното правосудство и полициските агенции на територијата на овој ентитет со мнозинство Срби.

Против Додик, исто така, се поднесени неколку кривични пријави за постојаното негирање на геноцидот во Сребреница, кривично дело што кон крајот на јули го воведе поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk