logo
logo
logo

Осуммина Кинези се екстрадирани од Србија поради масовна тепачка (ВИДЕО)

Vecer | 27.09.2022

Осуммина Кинези се екстрадирани од Србија поради масовна тепачка (ВИДЕО)

Кинезите се степале по кратка расправија, а тепачката ја снимила надзорната камера. На видеото се гледа како мажите се удираат со палки и дека еден од нив се здобил со тешки физички повреди.

Основното јавно обвинителство Бор делото го оквалификувало како насилно однесување. Навеле дека кинески државјанин, освен за насилничко однесување, е осомничен и за кривично дело обид за изнуда.

Судот на Кинезот, осомничен за изнуда, му изрекол мерка домашен притвор од една година, по што ќе биде депортиран од Србија, пишува Istmedia.rs.

Останатите седум Кинези по тепачката веднаш биле протерани од земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk