Оставката на Коѕијас – шаховски потег или криза во Владата, грчките медиуми бараат одговори

Оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас е главната тема денеска во грчките медиуми, кои се обидуваат да дознаат дали тоа претставувало „шаховски потег” на премиерот Алексис Ципрас или криза во Владата на Ципрас.

Непредвидливиот потег на Коѕијас предизвика вистинска бура од реакција во Грција, а се сведува на фактот што Ципрас всушност се одлучи да избере меѓу поранешниот шеф на дипломатијата и лидерот на Независни Грци и министерот за одбрана, Панос Каменс, кој е дел од владината коалиција.

Медиумите потсетуваат дека грчкиот министер за надворешни работи вчера си поднесе оставка, еден ден по тензичниот состанок во кој се судри со министерот за одбрана, Панос Каменос, поради договорот од Преспа.

Извори за грчкиот весник „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите против него упатени од Каменос, кој е исто така коалициски партнер.

Според истите извори, за време на состанокот што бил одржан вчера Каменос го обвинил Коѕијас за лошо менаџирање на одредени тајни фондови во Министерството и дека бил човек на американскиот билионер Џорџ Сорос.

Функцијата министер з надворешни работи по оставката на досегашниот Коѕијас, сега ќе ја извршува премиерот Алксис Ципрас, со цел да може во целост да се заврши спроведувањето договор за името потпишан од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари