logo
logo
logo

Операција по операција: Бандиќ со години имал здравствени проблеми

Vecer | 28.02.2021

Операција по операција: Бандиќ со години имал здравствени проблеми

Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб почина синоќа од срцев удар, откако со години имаше големи проблеми со здравјето, пишува Слободен Печат.

Се започнало во 2003 година кога тој доживеа тежок мозочен удар. Лекарите тогаш се бореле за неговиот живот, но на крајот тој релативно брзо закрепнал.

На 1 мај 2017 година тој бил на операција на стомакот, откако како што тврдел, невнимателно подигнал котел со грав.

Истата година заради проблеми со срцето му бил вграден снтент, а во јуни минатата година тој заврши во болница откако му се слошило.

Во декември 2018 година тој заврши во болница заради белодромна емболија, која настанала како последица на тромб после тројна фрактура на потколеницата. Бандиќ тогаш заврши на одделението за интензивна нега.

Во август минатата година тој ги оперирал гласните жици.

Милан Бандиќ почина синоќа на 66 години откако му се слошило, по што бил префрлен во болница, каде имало неуспешен обид за негова реанимација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk