Одржана втора Парада на гордоста во Приштина

Втората Парада на гордоста се одржа денеска во Приштина, а учесниците се движеа во централните делови на градот меѓу двата главни плоштади, објави АП.

Агенцијата вели дека парадата се одржала без инциденти, но под строг полициски надзор, известува Танјуг.

Учесниците носеле знамиња во боите на виножитото и транспаренти, на кои, меѓу другото, пишувало „Во името на љубовта. Парада на гордоста “.

Геј заедницата побара поголема слобода на изразување и престанок на дискриминацијата повикувајќи ја заедницата да биде потолерантна и да прифаќа различност.

На парадата се приклучија приштински функционери, дипломати и геј активисти од регионот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари