Одложена вонредната седница на косовското собрание за демаркацијата

Вонредната седница на Собранието на Косово на која требаше да се расправа за демаркацијата на границата со Црна Гора е одложена денеска. Претседателот на Собранието, Кадри Весели соопшти дека седница е презакажана за утре во 1о часот.

Разговорите со претставниците на политичките партии и од опозицијата одат мошне добро и постои оптимизам ратификацијата на Спогодбата која ја потпишаа претседателите на Косово и на Црна Гора за границата да биде усвоена со консензус. Пред новинарите Весели изрази оптимизам и и се заблагодари и на опозицијата за преговорите за консензуален став околу ратификацијата на Спогодбата со која се врши демаркација на границата на Косово со Црна Гора.

На средбата на претставниците на политичките партии во Собранието на Косово повторно не учествуваа пратениците на ,,Српската листа“ кои најавија уште еднаш дека нема да гласаат за ратификацијата на Спогодбата со Црна Гора.

Медиумите во Косово оценуваат дека како дипломатите на САД така  и ЕУ вршат притисок врз опозиционите партии на Косово да гласаат за ратификација на Спгодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари