logo
logo
logo

Одбележување на 27 годишнината од акцијата „Бура“ – во Србија помен, во Хрватска празник

Vecer | 04.08.2022

Одбележување на 27 годишнината од акцијата „Бура“ – во Србија помен, во Хрватска празник

Во Хрватска како државен празник се слави 5 август, денот кога заврши операцијата со влегување на хрватската војска во Книн и со кревање на хрватското знаме на тврдината Книн.

 Со тоа се вратени под Хрватска управа последните делови од територијата што ги држеа припадниците на српските воени единици.

Од 2000 година тој ден се одбележува како Ден на вооружените сили на Хрватска.

Според проценките на хрватските невладини организации и здруженија, за време и по „Бура“, убиени се повеќе од 600 цивили и запалени се над 22.000 куќи, а Хрватска тогаш ја напуштија околу 150.000 нејзини граѓани, чие враќање беше систематски отежнато.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk