logo
logo
logo

Објавени слики од бруталноста на кланот Беливук (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Vecer | 25.07.2021

Објавени слики од бруталноста на кланот Беливук (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Четириесетина фотографии со вознемирувачка содржина од иззживувањето на кланот на Беливук врз луѓето кои се осакатени и колени, се монструозно сведоштво за злосторствата за кои е осомничена криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, беа прикажани во петокот во истражната постапка на Обвинителството за организиран Криминал.

Обвинителството за организиран криминал од Евроџаст и Европол доби посебни пофалби за овој предмет кој е оценет како најзначаен и најобемен кој во моментот се води во Европа.

- Фотографиите се верификувани и од овластени форензичари од Европол, наведе претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој се заблагодари на европските безбедносни служби за помошта во решавањето на овој најголем случај против криминалните банди кој во моментот се води во Европа.

Во емисијата на телевизијата Пинк, во која гостуваше претседателот на Србија, беа прикажани невидени фотографии на жртвите на Вељко Беливук, со чие прикажување, како што наведе претседателот, не се загрозува истрагата.

Фотографиите покажуваат ужасни моменти од изживувањето на припадниците на кланот на Беливук над жртвите кои биле мачени и убиени во куќата во Ритопек.

[caption id="attachment_910626" align="alignnone" width="436"] Фото: принтскрин ТВ ПИНК[/caption]

Се гледаат делови од човеско тело, кои потоа се меленио во индустриската машина. Лицето на убиениот е замаглено.

- Ова е конфликт меѓу два клана, нешто што беше увезено во Србија од Црна Гора, ова е војна помеѓу клановите Кавач и Шкаjarар - рече Вучиќ.

[caption id="attachment_910624" align="alignnone" width="440"] Фото: принтскрин ТВ Пинк[/caption]

За време на гостувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на ТВ Пинк, прикажана е снимка од убиството на Властимир Милошевиќ на трамвајските шини во улицата 27 март во центарот на Белград за кое е обвинет Вељко Беливук.

-Ја имам видено оваа снимка и претходно. Станува збор за судир на два клана, ова момче е убиено ни криво ни должно, нема врска со сето тоа. Зборуваме за нешто што е увезено во Србија. Станува збор за судир на кавачкиот и шкаљарскиот клан, од едната страна биле Дедовиќ, а од другата целата екипа на Беливук. Овој настан е важен оти претставува прв поголем проблем. Ние не ја ликвидиравме оваа група како што некои правеа во 2000-ти години за да не лажар, рече Вучиќ.

[caption id="attachment_910653" align="alignnone" width="447"] Фото: принтскрин ТВ ПИНК[/caption]

Тој додаде дека човекот е убиен оти не дозволувал дрога да се носи на сплавовите.

Вучиќ рече дека приближно во тоа време се започнало со негово прислушување.

– Интересно е што се убиени повеќе лица од една група која била следена. Како се случило тие групи да бидат следени (од БИА) а притоа да нема ниедна снимка од овие убиства? Тие луѓе не биле цвеќе за мирисање, ама никој нема право некого да убива, рече Вучиќ и најави дека ќе се испитува кој од надлежните полициски структури не си ја завршил работата како што треба.

[embed]https://youtu.be/NWQtsN4p2hQ[/embed]

- Нема игра со државата, ниту ќе има - рече претседателот Александар Вучиќ, кој на ТВ Пинк зборуваше за информациите за активностите на криминалната група на уапсените Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Во таа емисија повторно беше емитувана аудио-снимка која покажува како Беливук и Миљковиќ, со нивните соработници, ја намамуваат жртвата Лазар Вукишевиќ во куќа во Ритопек, како и фотографија од Миљковиќ и уште едно лице.

Вучиќ рече дека станува збор за лице кое припаѓало на кланот Шкаљари, кое било киднапирано и чие име не сакал да го открие, поради неговото семејство.

Како што наведе, главните осомничени не присуствувале на таа ликвидација, туку ја нарачале од територијата на Црна Гора, и тие побарале посебни методи на тортура за ова момче.

Тој рече дека не може да се убива или дистрибуира дрога во земјата.

- Дали ќе се потепате на стадионот, тоа се решава, но не можете да убивате и да дилате дрога. Мојата порака до мајките е дека никој нема да ги убие нивните деца, а дрогата и дилерите ќе ги чистиме со голема брзина. Ќе има жестока пресметка со дилерите на дрога. Знам дека кога го зборувам ова, на шефовите кои се на слобода, е како да сум им брцнал со прст во око. Знам дека мојот живот е загрозен кога ќе го кажам ова - рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека неговата работа е да стори сé што може да ја направи Србија безбедна.

Обвинение против 31 осомничен член на криминалната банда може да се очекува во петок на 30 јули 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk