logo
logo
logo

Обдукцијата потврди дека телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш

Vecer | 19.05.2022

Обдукцијата потврди дека телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш

Безживотното тело кое вчера исплива на местото Ада Хуја – Белград припаѓа на 28 годишното момче на кое му се изгуби секаква трага на ден пред новагодина, потврдилa ДНК анализата, соопштија српските власти. Причината за смртта се наведува дека е давење, но сепак останува мистерија што довело до тоа. Понатамошната  обдукција и токсиколошка анализа ќе покажат дали има дополнителна причина за смртта на Периш.

-Единствено што можам да кажам е дека тој беше младо момче кое не беше во ризична група која може да изврши самоубиство. Нема криминоген картон во градот во кој што живееше, во Сплит, дека бил корисник на некакви опијати. Не припаѓаше на никакви криминогени групи, сетоа тоа беа претпоставки на почетокот но тие беа отфрлени. -Браца Здравковиќ – Приватен Детектив – Најмен од семејството Периш.

Семејството на Периш покрај 5 месечната агонија живеело и во надеж дека ќе слушнат убава вест, дека Матеј ќе биде пронајден жив. Ова е голема болка за семејството, вели неговиот татко кој по наоѓањето на неговиот син очекува и разврска за причината на смртта.

-Мене ми беше битно само да го пронајдам Матеј, и сето тоа што го правем исклучително го правев само да го пронајдам. Причината зошто тоа се случило секако дека ќе ме интересираат но во овој момент сум само во длабока болка. Навистина е тешко, да веруваме дека точката на животот не е крај и дека ние повторно ќе се сретнеме, во иднина, а Матеј, својата приказна на оваа земја ја заврши.- Ненад Периш – Татко на Матеј Периш.

Сочувство за загубата на семејството пристигна и од државниот врв на Хрватска, премиерот Пленковиќ владината седница ја отвори токму со неколку збора починатиот Периш.

-Да изразиме уште еднаш сочувство на семејството на Матеј Периш, по информациите дека по ДНК анализата и обдукција утврдено е дека станува збор за него, по веста дека е пронајдено тело на младо момче во Дунав. -Андреј Пленковиќ – Премиер на Хрватска.

Телото на Периш е пронајдено на 8км од место каде што бил виден за последен пат, во фармерки и маичка кои што одговараат на она што момчето ги носело на кобната вечер. Од останати лични работи пронајдени се неговиот часовник и мобилен телефон. Последниот сигнал од телефонот на сплиќанецот е забележан во реката Сава каде се претпоставува дека удавил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk