Во Србија во тек е масовна истрага против криминалци од навивачките групи на Партизан и високи функционери во српската полиција кои соработувале во криминалот и обидот за насилна промена на власта во Србија.

Освен ова, според досега објавените докази, истата група соработувала со властите во Црна Гора под Ѓукановиќ, а една од целите била и напади врз функционери на тогашната црногорска опозиција Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ за што е објавено и видео од нападот врз нив во Белград.

Дека имало саботажа во спречување на хулигански напади покажува и фактот дека само 20 полицајци биле распоредени пред Собранието за време на насилните протести пред РТС, како најголеми жаришта таа вечер.

Насилните протести што се случија во центарот на Белград во јули минатата година беа обид за соборување на претседателот на Србија и водачот на СНС, Александар Вучиќ, но не само од револтираниот народ, како што беше претставено на почетокот, туку и организирани од функционери на МВР, дознава српски Курир од безбедносните кругови.

Според нивниот извор, обидот за соборување на власта започнал одвнатре, внимателно испланиран и со координација на поединци од полицијата кои сакале да ги искористат демонстрациите за нивните политички амбиции.

– Група луѓе кои не беа задоволни од најавеното заострување на мерките во време на епидемијата започнаа спонтано, но делот од немирите кои го предизвикаа насилството очигледно беше организиран, односно насилниците беа намерно ослободени за да предизвикаат хаос од поголем обем и да се пробијат во Собранието.

Тие имаа помош од одметнатиот дел на Министерството за внатрешни работи. Очигледно, имало намерни пропусти на контраразузнавањето. Во времето на насилниот упад во Собранието, на тоа место имало само 20 полицајци, а за време на упадот во РТС, само седум полицајци. Се сомнева дека хулиганите добиле упатства од некого од полицијата и дека било насочено дека нема да има доволно полицајци во центарот на нападот токму тогаш – вели нашиот соговорник.

Намерни пропусти

Ваквите пропусти, додава тој, не им се случуваат на професионалците, туку можат да се случат само намерно.

Љубан Каран, поранешен офицер на Контраразузнавачката служба, вели за Курир дека во такви ситуации, вината не треба да им се става на полициските службеници како на извршителите на упатството, туку на оние што им наредиле.

Против државата

– Не можам да прифатам дека некој од МВР учествувал во организацијата на протестот, можам да верувам дека имало опструкција од МВР и дека таа опструкција довела до ескалација на нападите. Полициските службеници го заштитиле Собранието и другите објекти со своите тела, но треба да се испита дали некој намерно ја дозирал полицијата до тој степен што спречува ескалација на нападите врз полицајците на теренот и во Собранието – вели Каран.

Професорот на Факултетот за меѓународна политика и безбедност Илија Кајтез вели дека очигледно имало луѓе во Министерството за внатрешни работи кои дејствувале против власта:

– Или, во конкретниот случај на оние кои не сакаа да постапат кога е потребно. И тоа е дејство против државата. Беше природно да се очекува ескалација на тој протест, а на некои места имавме седум полицајци. Во сериозни служби, не може да се случи да се собере насилна група и превентивната реакција да биде многу лоша, несоодветна. Одредени луѓе во полицијата ги запреа вистинските информации или намерно ги лажираа.