logo
logo
logo

НУДЛИ СОДРЖЕЛЕ ПАРЧИЊА СТАКЛО - Хрватска ги повлекува овие производи увезени од Тајланд

Vecer | 25.10.2021

НУДЛИ СОДРЖЕЛЕ ПАРЧИЊА СТАКЛО - Хрватска ги повлекува овие производи увезени од Тајланд

После проблемите со сладоледите чоколадите поради кои голем број на производи беа повлечени од балканските држави заради недозволени супстанци, сега во Хрватска откриен проблем со нудли.

Како јавуваат хрватските медиуми производот е потенцијално опасен за потрошувачите.

Имено, хрватскиот државен инспекторат објави отповикување на производот „MAMA Instant Noodles“ Tom Jum со вкус на свинско месо во пакувања од 60 грама со рок на траење до 28 април 2022 година, со потекло од Тајланд, поради можно присуство на парчиња стакло.

Производот не е во согласност со Уредбата за утврдување на општите принципи и услови на законот за храна, велат од Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ), пренесува Хина.

Производител е компанијата „That President Foods Public“ од Бангкок, а трговијата на големо ја врши компанијата „Asia Express Food NL“ од Холандија.

На хрватскиот пазар овој производ го пласира компанијата „Пекиншка патка“ д.о.о. од Самобор, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk