Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ синоќа околу 22 часот направил инцидент во ресторан за брза храна во Нови Београд и истиот го демолирал, а сега се појави и снимка на која се гледа како познатиот политичар дивее на полицијата која што пристигна на местото на инцидентот.

Како што може да се слушне на видеото,Јовановиќ среде упадот на полицијата го шутираше автомобилот на полицијата и тврдеше дека за се се криви навивачите на Црвена ѕвезда кои го нападнале.

Јовановиќ околу 23 часот е однесен во полициската станица Нови Београд, а по нив веднаш тргнала и неговата сопруга.

Погледнете ја снимката: