logo
logo
logo

НОВО ПРАВИЛО ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА, се однесува на децата

Vecer | 09.06.2021

НОВО ПРАВИЛО ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА, се однесува на децата

Грција одлучи да ја помести возрасната граница за децата на кои им е дозволено да влезат во земјата без ПЦР-тест, за една година, така што тоа сега важи за деца на возраст до 6 години. До крајот на јуни се очекува во Грција без ПЦР-тест да може да влегуваат децата до 12 години.

Во земјата може да се влезе со доказ дека сте прележале ковид-19, односно со зачуван позитивен ПЦР тест или тест за антитела, под услов да поминале најмалку два месеца од дијагностицирањето на болеста и не повеќе од девет месеци од дијагностицирањето на болеста.

Исто така, може да се влезе со сертификат за вакцинација, а потребно е да поминат најмалку 14 дена од ревакцинацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk