Со предлогот како што кажа тој, Бугарија си ја завршила работата со македонското прашање. Според него, успех е што дел од политичарите во земјава го сметаат предлогот за пробугарски и што истиот создава проблеми во Македонија, а не во Бугарија.

„ Ние си ја завршивме работата и мислам дека колегите од Македонија поради една или друга причина сметаат дека овој предлог е пробугарски. Да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблем на соседите, а не на нас. “,вели Асен Василев.

Претходно пак, лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов кој е дел од владината коалиција, оцени дека во францускиот предлог нема никакви промени од неговата првична верзија. Според него, македонските власти велат дека предлогот е модифициран и подобар за да го убедат општеството во Македонија истиот да го прифати.

„ Во моментов политичката елита во Скопје се обидува да ја промени реториката во однос на решението користејќи, според мене, некакви несуштествени промени, како аргумент да го убеди за да го убеди македонското општество дека треба да го прифати тоа, и тоа е добро. // Од тука па понатаму претстојат десет долги години, може и да се повеќе во кои Македонија ќе преговара со Европската Унија. Ние во целиот тој процес ќе ја зачуваме нашата можност да користиме различен степен на притисок вклучително со поддршката на Европската Комисија на Советот на ЕУ, за нашите интереси. “истакна Христо Иванов – Демократска Бугарија.

Инаку, покрај протестите во Македонија, со барање да се заштитат бугарските интереси во преговорите, синоќа пред француската амбасада во Софија се одржа и протест под наслов „Не ја изневерувај Македонија“ . Организаторите тврдат дека има значителни разлики текстот на „францускиот предлог“ одобрен од Бугарија и документот што и е предаден на Македонија во делот на историските прашања.