Нови политички имиња од Албанија прогласени за непожелни личности во САД

САД продолжуваат со одбивањето на давање визи на албански функционери за кои има аргументи дека се коруптирани. Покрај прогласувањето за персона нон грата, на сега веќе поранешниот државен јавен обвинител на Албанија Арбен Лала, персона нон грата е прогласен и пратеникот Том Доши.

Информацијата според албанските медиуми ја потврди и Американската амбасада во Тирана. Пратеникот од партиското мнозинство во албанското Собрание, социјалдемократот Том Доши, е програсен за непожелна личност во САД се наведува во соопштението на амбасадата. На сите функционери и носители на високи државни функции нема да им биде дозволен влез во САД соопшти и амбасадорот на САД во Албанија Доналд Лу.

Том Доши кој е повеќе години во политиката и има големо богаството, во медиумите се наведува дека е дел од коруптираните групи во земјата.

Албанските медиуми наведуваат дека Американците вршат силен притисок на органите на власта да се пресметаат со сите личности кои се поврзани со корпупција и криминални активности во земјата.  Амбасадорот Лу на неколку пати изјави дека во Албанија мора да да има пресметка со големите риби.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари