НОВИ ИЗБОРИ НА СЕВЕР НА КОСОВО бараат Шолц и Макрон

Франција и Германија денеска ги повикаа Белград и Приштина што поскоро да организираат нови избори во општините на северот на Косово
Ова го изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, по разговорот што тој, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го одржаа со Александар Вучиќ и Вјоса Османи на маргините на состанокот на Европската заедница во Молдавија.
Макрон рече и дека европските претставници побарале да се разјаснат изборните правила за следните избори, пренесува Ројтерс.
Тој објави дека Вучиќ и Османи се договориле дека во наредните недели ќе има „јасни одлуки“ за ситуацијата на северот на Косово и Метохија.
Како што јави РТС, Османи неколку моменти подоцна изјавил дека Приштина се подготвува да одржи нови избори доколку тие бидат распишани согласно законот.
Изјавата на лидерите на Франција и Германија уследи еден ден откако британски Гардијан, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Приштина размислува за распишување нови избори на северот на Косово и Метохија.