logo
logo
logo

НОВИ ДЕТАЛИ за автобуската несреќа во Хрватска - Еве што се случило...

Vecer | 06.08.2022

НОВИ ДЕТАЛИ за автобуската несреќа во Хрватска - Еве што се случило...

Најмалку 11 загинати и 34 повредени е последниот биланс од несреќата која ја предизвика полскиот автобус во хрватска. Возачот наводно заспал

Автобус со полски регистерски таблички денеска наутро доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот А4 Загреб-Горичан. Најмалку 11 лица загинаа на лице место, а 34 лица се повредени.

Според првите информации, автобусот околу 5:30 часот излетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Полициската управа на Вараждин наведува дека точната локација е помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува Јутарњи лист.

Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално, тезата е дека возачот најверојатно заспал на воланот.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.

Хрватскиот авто клуб извести дека меѓу клучките Брезнички Хум и Комин во правец кон Загреб, дозволената брзина е 40 км/ч.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk