logo
logo
logo

Новак Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија?

Vecer | 20.01.2022

Новак Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија?

Англискиот таблоид „Сан“ пренесува дека Ѓоковиќ ќе ја тужи Владата на Австралија за 3,8 милиони евра, повикувајќи се на сигурни извори и добро упатени луѓе блиски до српскиот тенисер.

Тие наведуваат дека Ѓоковиќ ќе ја тужи австралиската влада за малтретирање.

Точно, сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа. 

"Добро е познато дека Новак и неговото семејство веруваат дека бил третиран лошо за време на карантинот во имиграцискиот хотел во Мелбурн. Неговата мајка открила дека собата е полна со инсекти. Го држеле како затвореник", пишуваат Англичаните.

Тие се повикуваат на извор близок до агентот на Ѓоковиќ, Адоард Артладио.

Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија бидејќи министерот за имиграција Алекс Хок му ја укина визата.

Лидерот во светскиот тенис ја обжали одлуката, но Федералниот суд го поддржа Алекс Хок и Ѓоковиќ мораше да ја напушти Австралија.

Моментално најдобриот светски тенисер се наоѓа во Белград каде се подготвува за следните турнири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk