Нова рунда преговори Вучиќ-Тачи во Брисел на 18-ти јули

Нова рунда преговори помеѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе се случува в среда на 18. јули во Брисел.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини потврди дека ќе биде домаќин на состанокот во контекст на дијалогот Белград-Приштина.

Могерини со Вучиќ и Тачи разговараше за напредокот во досегашните разговори за договорот за сеопфатна нормализација на односите и плановите за следните чекори, со цел да се осигура дека двете страни ќе ги продолжат разговорите со интензивно темпо, соопшти портпаролката на високата претставничка, Маја Коцијанциќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари