logo
logo
logo

Нов обид на Брисел да се најде решение на северот на Косово

Vecer | 23.11.2022

Нов обид на Брисел да се најде решение на северот на Косово

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, попладнево со специјалниот претставник Мирослав Лајчак ќе се обидат да го направат тоа што пред два дена не успеаја Вучиќ и Курти – да ги намалат тензиите кои произлегоа токму поради проблемот со регистерските таблички.

-Целта е како и секогаш, да се изнајде излез во европски дух во актуелната ситуација, средбите на шефовите на преговарачките тимови обично се проследени со средби на високо ниво, ако шефовите успеат да се договорат за нешто, изјави Петер Стано, портпарол на ЕК.

Американскиот амбасадор во Белград, Кристоефер Хил денеска побара проблемот со регистерските таблички да се одложи на една година, што засега не наоѓа на одек кај Курти, кој процесот веќе го одложи за 48 часа, а денеска го обвини првиот европски дипломат Борел дека застанал зад Белград и дека наместо за конечен договор, се фокусирал само на техничките прашања.

-Потребата од француско-германскиот предлог исчезна од масата, приспособувајќи се на намерата на Србија, која во Брисел беше дојдена не за предлог, туку за регистарски таблички. Јас не сум ниту полицаец, ниту командир на станица, ниту шеф на катастар за да се занимавам со секакви технички прашања. , изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Шефот на српската дипломатија, Дачиќ пак, оцени дека по последните постапки на Курти, Западот конечно сфатил кој е фактор за опструкции и дестабилизација на регионот.

-Меѓународната заедница дојде до крајот на можната толеранција и нема веќе каде. Алтернатива е да се почне со конфликти. Тој (Курти) мисли дека е месија кој дошол да го спаси албанскиот народ. Он размислува кој ќе наплатува кзни, тоа не е реално. Тоа е како ние сега да одлучиме сообраќајна полиција да тргне да наплаќа казни за брзо возење во Приштина. , вели Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Ситуацијата на северот на Косово се искомплицира откако на 5 ноември припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, спротивставувајќи се на одлуката за издавање предупредувања за пререгистрација на возилата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk