logo
logo
logo

Нов црвен аларм за Балканот: Jужноафриканскиот сој пристигна во регионот

Vecer | 27.02.2021

Нов црвен аларм за Балканот: Jужноафриканскиот сој пристигна во регионот

Јужноафриканската мутација на коронавирусот пристигна во регионот. Хрватска и Словенија ги регистрираа првите случаи.

Хрватските епидемиолози објавија дека покрај британскиот кој е сè поприсутен, јужноафриканскиот сој е детектиран кај две лица кои изминатиот период биле на патување на Занзибар.

„Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнаа, 60 беа позитивни за британскиот сој, што е 20 проценти позитивни примероци. Тоа е прилично висок процент. Потврдена е и јужноафриканската варијанта кај две лица кои се вратиле од Африка, од Занзибар“, изјави епидемиологот, Горанка Петровиќ.

Докторката Јасмина Врањеш, пак, во изјава за хрватските медиуми зборува за опасноста од овој сој за кого вели дека носи „пандемија во пандемијата“.

„Тоа е пандемија во пандемијата. Така сите го нарекуваат. Тоа значи дека е потполно различна кривата на заразата. Може да се инфицира повторно и некој кој го прележал т.н. оригинален тип на ковид“, вели Врањеш.

Во Словенија, пак, вчера е потврдена заразата со јужноафриканскиот сој кај лекар вработен во Клиничката болница во Марибор. Заразениот минатата недела со уште неколку лица престојувал во Намибија.

Словенечкиот министер за здравство, Јанез Поклукар, изјави дека уште две лица кои биле со него во Африка се позитивни и оти и тие најверојатно се заразени со истата мутација. Нивните контакти се веќе ставени во карантин.

Британскиот сој, пак, веќе извесен период е присутен во целиот регион. Повеќе од два месеци го има и во Северна Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk