Омилената летна дестинација на Македонците и Србите, полека но сигурно е исполнета со туристи.

Од пред некој ден и кафулињата и рестораните во Грција добија дозвола да ги вклучат своите звучници и да пуштат музика. Па со оваа одлука дојдоа и гостите во кафулињата и ноќните барови кои изминатава година ипол беа спречени да ја вршат својата дејност.

Баровите, рестораните и кафулињата успеаа да ги соберат сите туристи и да им пружат забава. Глетката од минатиов викенд наговестува дека полека но сигурно животот се враќа во нормала.

Фотографиите објавени на Блиц.рс се од Халкидики а на истите може да се види како туристите го уживаат ноќниот живот.