logo
logo
logo

Ниту вакцината не е гаранција: Доктор се вакцинирал, па се заразил!

Vecer | 24.02.2021

Ниту вакцината не е гаранција: Доктор се вакцинирал, па се заразил!

Словенечки лекар, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно беше вакциниран со две дози од вакцината, потврди втората по големина словенечка болница.

Лекарот неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека можеби бил заразен со јужноафриканската мутација на вирусот, што сè уште не е докажано, пренесува Хина.

Како што јави телевизиската станица ПОП-ТВ, повторна инфекција е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна, а откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие постапиле според пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.

Како што изјави денеска на редовната владина конференција микробиологот Тјаша Жохар Чретник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, на микробиолозите им треба најмалку една недела за секвенционирање на геномот на вирусот и за потврда на варијантата, а досега не е забележан ниту еден случај на јужноафриканската мутација во Словенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk