logo
logo
logo

Никој од роднините не сака да го организира погребот на убиецот на Сара

Vecer | 24.02.2021

Никој од роднините не сака да го организира погребот на убиецот на Сара

Никоја не ја презема одгворноста да го погреба телото на Марјан Стаменковиќ (47 г.), убиецот на Сара Асановиќ (27 г.) од Врање.

Пo завршената обдукција на телото на Стаменковиќ, кој изврши самоубиство во Врање каде бил лоциран за време на полициската акција, неговите роднини не се нафаќаат да ја спроведат погребната процедура.

Српските медиуми пренесуваат дека Марјан имал полубрат, но тој, како и другите членови на семејството, одбил да го организира погребот.

Во ваква ситуација трошоците за погребот ги презема градот, но Данијела Милосављевиќ од Градскиот совет на Врање вели дека сè уште нема информации за тоа.

Ваквата постапка предвидува погреб да спроведе Центарот за социјална работа, а градот да ги покре трошоците.

Од јавното претпријатие „Комрад“ изјавиле дека досега не добиле барање од Центарот за социјална работа за спроведување на погребот, па затое и времето на овој чин не е закажано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk