logo
logo
logo

НЕВИДЕНО ДО СЕГА ВО РЕГИОНОТ! Жена ЛАЖИРАЛА бременост и породување!

Vecer | 03.08.2021

НЕВИДЕНО ДО СЕГА ВО РЕГИОНОТ! Жена ЛАЖИРАЛА бременост и породување!

Невиден случај на лажирање на бременост и породување е откриен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска. Полицијата и обвинителството од Бања Лука се вклучија во целиот случај.

Имено, една жена со месеци го мамела сопругот, кој останал во шок кога, додека се обидувал да го пријави детето, дознал дека е измамен.

Според Новости, измамничката навистина поминала извесно време во внатрешноста на Универзитетскиот Клинички ццентар на Република Српска каде се криела под необјаснети околности, испраќајќи слики и пораки на нејзиниот сопруг, кои сега се предмет на понатамошна истрага.

Полициската управа во Бања Лука наведува дека случајот со „лажно породување“ им го пријавиле вработените во Клиничкиот центар.

- Полициските службеници ги преземаа сите потребни мерки и дејствија, за што поднесоа извештај за преземените мерки до обвинителството на 29 јули. Исто така, документацијата за споменатиот настан е доставена до Центарот за социјална работа во Бања Лука - соопшти полициската управа Бања Лука.

Измамата била откриена откако сопругот ја довел својата жена во УКЦ за породување. Поради ограничувањата поврзани со корона вирусот, тој не можел да влезе во болница, за подоцна таа да го извести дека се породила и дека се поминало без проблеми. Наводно му испратила и фотографии од бебето, а среќниот татко организирал прослава по повод раѓањето на детето.

Клопчето почнало да се расплетува кога сопругот отишол во Градската управа да го запише новороденчето. Сепак, документите не беа комплетни, па затоа беше побарано од клиничкиот центар да поднесе ново барање.

Наскоро се покажа дека бебето, со наведеното име и презиме, не е родено во УКЦ и полицијата била известена за се. Се испоставило дека дури и лекарот кој бил потпишан на списокот за отпуштање од болницата, со месеци не работел во УКЦ. Исто така, нејасно е како жената успеала да ја лажира бременоста девет месеци, без нејзиниот сопруг да го знае тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk