logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТНО - Автобус на Дева Турс пред точно 10 години учествувал во несреќа во која загина ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО

Vecer | 26.07.2021

НЕВЕРОЈАТНО - Автобус на Дева Турс пред точно 10 години учествувал во несреќа во која загина ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО

Медиумите во Косово потсетуваат на трагичната приказна за семејството Тачи кое пред точно десет години настрадало во сообраќајна несреќа во селото на Лугбунар во Ѓjаковица на Косово, на 25 јули 2011 година, на истиот датум со страшната сообраќајна несреќа кај Славонски Брод, во која загинаа десет косовски граѓани.

Петчлено семејство, Давид Тачи, неговата сопруга Тоне Тачи, како и нивните две ќерки и ќерката на братот на Давид, Емануел, Магдалена и Дорутина Тачи, загинаа во несреќа кога ги удри автобус. Тоа беше една од најголемите сообраќајни трагедии на Косово во која исчезна буквално цело семејство, а биле повредени уште други двелица Антон Тачи и Марте Тачи.

Она што е интересно и зошто порталот Сињали нè потсети на оваа трагедија е фактот дека во несреќата учествуваше и автобусот на Дева Турс, истата агенција чиј автобус излета од автопатот и во кој загинаа десет лица во близина на Славонски Брод.

Несреќата во 2011 година се случила бидејќи автобус на Дева Турс излегол од коловозната лента и удрил во автомобилот со кој патувало семејството Тачи.

Новинарите од Сињали контактираа со Фрок Тачи, братот на починатиот Давид Тачи, кој потврди дека автобусот вклучен во несреќата во 2011 година и припаѓал на Дева Турс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk