logo
logo
logo

Нереални слики од Загреб, од стан на бивш министер со кран изваден цел БАЗЕН

Vecer | 17.06.2021

Нереални слики од Загреб, од стан на бивш министер со кран изваден цел БАЗЕН

Базен, долг шест метри и тежок повеќе од еден тон е извлечен од станот на поранешниот хрватски министер Хрвоје Војковиќ со помош на кран. Фотографии од оваа „операција“ ги обиколија хрватските медиуми.

Базенот бил поставен на горниот кат на дуплекс стан од 500 квадратни метри квадратни со број 16, а поради неговата тежина и големина, тој беше извлечен преку кров на зградата со кран минатата сабота.

Поради тоа улицата Далматинска во Загреб беше блокирана со часови, а грдосијата направена од пластика и метал беше поставена на голем камион со кран и однесена во непознат правец.

Соседите рекоа дека покривот за деликатната операција за вадење на базенот започнал да се подготвува месеци порано.

- Пред два месеци беше отстранет дел од покривот, а потоа беше навлечен црн најлон над тоа место. Ќерамидите беа отстранети и прозорците на покривот во тој дел беа демонтирани - вели еден станар од една од соседните згради и додава дека смета дека џиновскиот базен бил на таванот и дека не било можно да се извлече освен преку покривот бидејќи зградата е стара и во лоша состојба. По отстранувањето на базенот, дупката е закрпена.

- Беше напнато, мораше да бидат прецизни со кранот, така што целата операција траеше со часови, скоро целото утро - додаде таа.

Соседите со кои разговараа новинарите на загрепскиот весник тврдат дека причината за преместување на базенот е тоа што бил оштетен. Тие исто така покажаа дамки на фасадата на зградата, токму таму каде што бил базенот. Очигледно поголема количина на вода истекла од него. Зградата е стара повеќе од сто години, а по два земјотреса за една година, водата од базенот дополнително ја оштети.

Всушност, станува збор за „Бесконечен базен“, а неговата цена се движи од 12 000 евра до 35 000 евра.

Хрвоје Војковиќ е поранешен шеф на Кроација осигурување и министер за економија, а пред две години најави продажба на овој стан со базен и десет соби на два ката или цела зграда по цена од 3,3 милиони евра. Станот во моментов е во фаза на реновирање колку што може да се види од улицата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk