logo
logo
logo

Неофицијално: Позната е причината за превртениот автобус со српски деца во Бугарија (ВИДЕО)

Vecer | 14.08.2022

Неофицијално: Позната е причината за превртениот автобус со српски деца во Бугарија (ВИДЕО)

Автобус со 48 деца од Србија доживеа сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија. Автобусот превезувал членови на Фолклорниот ансамбл од Батајница. Се враќале од Сончев Брег и Несебар.

Постојат две верзии на настанот. Најпрво се мислело дека возачот заспал, но неколку очевидци излегоа со нови информации.

Според неофицијални информации, возачот се обидел со едната рака да го помести совозачкото седиште и наеднаш се извртел и со автобусот слетал на автопатот, но ова била неточна вест, пренесува Курир.

Имено, жена по име Наташа, која била во автобусот, кажала што се случило непосредно пред несреќата.

„Еден од родителите во автобусот сакал да седне на предното седиште до возачот. Возачот се свртел за да го отвори седиштето и тогаш го завртел воланот“, ги пренесува Нова.бг зборовите на една од сведоците на несреќата.

За среќа нема загинати, но две лица се тешко повредени, едно дете и едно возрасно. Најмладото повредено деца има само 6 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk