logo
logo
logo

Професори од БиХ

Ненабавка на вакцини во ова време е „УБИСТВО СО ПРЕДУМИСЛА“

Vecer | 10.04.2021

Ненабавка на вакцини во ова време е „УБИСТВО СО ПРЕДУМИСЛА“

Во ова време во кое науката, моралот и бескромпромисната одлучност може да ја насочат државата во добра насока, а со оглед на тоа што основните институции на државата, за жал, се заслужни за катастрофалната состојба, ние, универзитетските работници, во согласност со работата со која се бавиме и позицијата што ја имаме во општеството, чувствуваме обврска да го поддржиме предлогот кој е првиот чекор кон оздравување на општеството во целина. Ненабавувањето на вакцини во ова време е идентично на „убиство со предумисла“.

Ова стои во писмото на повеќе од 50 професори од Филозофскиот факултет во Сараево кои им им се придружија на протестите на граѓаните собрани под мотото „Борба за живот“, кои бараат оставки од одговорните за справување со здравствената криза, пред се Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ.

Планското/непланско, свесно/несвесно уништивуање на животи во државата е дело на државата, односно на оние арогантни, дрски и нестручни луѓе во Советот на министри, Владата и сите пратечки служби на овие институции. Затоа, барамесите одговорни во рамките на овие институции да им се извинат на граѓаните за несовесно извршување на работата, а потоа(конечно нешто чесно) да поднесат оставки – се наведува во писмото на професорите од сараевскиот Филозофски факултет.

Како што објави телевизијата „Н1“, професорите од саревскиот факултет во отворено писмо ги повикуваат своите колеги од факултетите ширум земјата да ги поддржат барањата формирани на протестите од 6 април 2021 година, а кои имаат рок за исполнување до 13 април, и со тоа да го кренат својот глас и да побараат враќање на нивното украдено достоинство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk