logo
logo
logo

Нема промени во позицијата на Бугарија кон Македонија

Vecer | 12.05.2021

Нема промени во позицијата на Бугарија кон Македонија

Новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија.

– Немаме овластување да ја смениме оваа позиција. Она што зависи од привремениот кабинет и министерот за надворешни работи, ќе се стори за да се продолжи дијалогот – ова го изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев како одговор на прашањето на БГНЕС за тоа дали привремената влада ќе продолжи да се придржува до сегашната позиција на Бугарија за РС Македонија.

– Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица во Скопје. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена влада – додаде Светлан Стоев, кој на церемонија ја прифати функцијата од поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk