logo
logo
logo

НЕМА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИ, НЕМА РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ - Се ближи крајот на дијалогот за Косово

Vecer | 08.03.2021

НЕМА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИ, НЕМА РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ - Се ближи крајот на дијалогот за Косово

По повод 10-годишнината од почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, во кој просердник е Европската Унија, Брисел проценува дека процесот во текот на претходната деценија донесе „вистински промени“ кога станува збор за секојдневниот живот на луѓето во регионот, објави Танјуг

„После 10 години од почетокот на дијалогот, време е да се продолжи понатаму и да се донесе успешен крај на процесот“, рече портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Стано потсетува дека специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, минатата недела беше во Белград и Приштина и дека од двете страни добил гаранции дека постои желба да продолжи да се занимава со процесот на нормализација на односите помеѓу двете страни.

„Сега работиме интензивно за да се постигне сеопфатен договор за нормализирање на односите. Земјите-членки на ЕУ очекуваат дијалогот да продолжи што е можно побрзо и да ги видиме Белград и Приштина ангажирани во успешното завршување на овој процес“, рече Стано.

Коментирајќи ги ставовите на приштинските власти, вклучително и победникот на последните избори на Косово, Албин Курти, за државата „Голема Албанија“, портпаролот на ЕУ рече дека се очекува политичките лидери во регионот, вклучително и идните институции во Приштина, да работат на градење на взаемна доверба и конструктивни добрососедски односи.

Тој додава дека за време на неговиот престој во Приштина, специјалниот претставник Лајчак разговарал „апсолутно за сè“ со Курти.

„Она што го очекуваме е подобра соработка во регионот и интензивирање на процесите на внатрешна реформа“, рече Стано.

Според него прашањето за промена на границите, вклучително и размена на територии или некакво обединување, е „одамна затворено прашање“.

„Главната цел на договорот меѓу Белград и Приштина е да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор  кој што ќе ја поддржи регионалната стабилност и ќе биде прифатлив за двете страни во процесот, но и во согласност со принципите на ЕУ. Двете страни знаат што е изводливо, а што не “, Заклучи Стано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk