Турција попусто се надева

Нема откажување од независна држава, Курдистан планира избори во ноември

Турција се надева дека Ербил ќе ја напушти идејата за независна држава во северен Ирак, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во изјава за агенцијата Анадолија.

- Се надевам дека Масуд Барзани (претседателот на Ирачки Курдистан) ќе се откаже од овој погрешен чекор. Не е премногу доцна за да го стори тоа, изјави Чавушоглу, додавајќи дека „во спротивно, ќе мора да се преземат мерки".

Според турскиот министер, референдумот не бил „транспарентен и демократски".

Референдумот за независност на Ирачки Курдистан се одржа на 25 септември. Повеќе од 90 отсто од бирачите гласаа за независност на оваа автономна покраина во Ирак.

Но, Турција попусто се надева. Ирачки Курдистан планира на 1 ноември да одржи претседателски и парламентарни избори, соопшти изборната комисија во Ербил.

Поврзани

Најнови вести

Коментари