logo
logo
logo

НЕМА МАСКИ НА ОТВОРЕНО од 1 јуни, ама не кај нас

Vecer | 27.05.2021

НЕМА МАСКИ НА ОТВОРЕНО од 1 јуни, ама не кај нас

Во Албанија од 1 јуни се укинува задолжителното носење заштитна маска на лицето на отворен простор, а полицискиот час се скусува за еден час и ќе трае од 23:00 до 6 часот. Ова се дел од мерките што денес ги соопшти техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба.

-Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Според одлуката ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега.

-Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), додаде Ракацоли.

-И покрај бројките, пандемијата не е завршена иако позитивноста на тестирањата останува ниска а ефектот од имунизацијата е познат. Важно е да продолжите да носите маски, да одржувате дистанца и хигиена, порача Албана Фицо, директорка на ИЈЗ.

Одлуката на Комитетот е донесена по видно намалената бројка на нови случаи со Ковид-19. Вчера по 244 дена не беше регистриран починат а бројот на новозаразени беше 15 лица ил 0,5 отсто од тестираните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk