logo
logo
logo

НЕМА ДАТУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН - Хрватските медиуми добиле увид во нацрт заклучокот на самитот на ЕУ

Vecer | 05.10.2021

НЕМА ДАТУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН - Хрватските медиуми добиле увид во нацрт заклучокот на самитот на ЕУ

Хрватските медиуми наведуваат дека добиле увид во нацрт-заклучокот од самитот ЕУ-Западен Балкан, кој започнува во Словенија.

Едно од прашањата на тој самит секако е прашањето дали земјите од Западен Балкан воопшто имаат шанса да се приклучат на Унијата, за што се пишува широко со денови, откако се појави документ според кој Брисел нема намера да прифати речиси никого во своите кругови.

Претходно се појави информација за словенечки предлог, според кој официјална Љубљана сака да го внесе Западен Балкан во ЕУ до 2030 година - како краен рок до кој земјите што се во статус на преговори со ЕУ треба официјално влезат во тој блок.

Сепак, самитот се уште не е започнат, а веќе има нацрт заклучок од него во медиумите.

Како што пишува Јутарњи лист, наведувајќи дека како ексклузивност имал увид во нацртот на тој заклучок, во тој текст „нема датум за проширување на Европската унија“.

Според весникот, лидерите на ЕУ го отфрлиле предлогот на Словенија за 2030 година, така што „нема датум“, пренесува Јутарњи, истакнувајќи дека нацрт -заклучокот всушност е како копија на текст објавен од Ројтерс на 28 септември, според кој Европската унија повеќе не може да гарантира идно членство за шесте земји од Западен Балкан “.

Јутарњи потсетува дека ЕУ јасен рок за членство ЕУ отфрли по приемот на Романија и Бугарија, бидејќи двете земји, кога нивниот датум на пристапување беше одреден во 2007 година, престанаа со скоро сите реформи.

Најновиот документ започнува со вообичаената фраза, колку е важен Западен Балкан, а потоа следува делот за условите за членство во ЕУ, според новата методологија. Народно кажано, кога ќе ги решиме своите проблеми, а има и такви, дури тогаш можеме да зборуваме за вашиот влез“, пишува Јутарњи.

Поради се, заклучува весникот, Западен Балкан е на пат да стане Источно партнерство - Молдавија, Украина, Белорусија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk