logo
logo
logo

„Нема да се женам, ДОДЕКА НЕ ДОБИЈАМ НОВ ТРАКТОР“

Vecer | 21.05.2021

„Нема да се женам, ДОДЕКА НЕ ДОБИЈАМ НОВ ТРАКТОР“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Пријепоље, разговараше со локалното население за проблемите, а за време на тие разговори имаше и интересна средба со младо момче кого го праша за колку дена ќе го научи да вози трактор.

- Може ли за 10 дена? - праша претседателот, на што момчето одговори потврдно, а потоа следеше и нешто поинтересно.

Бидејќи Вучиќ за време на оваа посета ги потенцираше субвенциите за земјоделците и новите трактори, Страхиња рече дека нема да се жени, додека е не добие нов трактор.

„Нема да се женам, сè додека не добијам нов трактор“, му рече детето, додека Вучиќ му порача дека треба да се ожени што е можно побргу за да има што повеќе деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk