logo
logo
logo

Не невестата, ОВДЕ МЛАДОЖЕНЕЦОТ ИЗБЕГАЛ ОД СВАДБАТА

Vecer | 08.06.2021

Не невестата, ОВДЕ МЛАДОЖЕНЕЦОТ ИЗБЕГАЛ ОД СВАДБАТА

Пијалок беше купен, печењето стокмено, сваѕовите почнале да доаѓаат на свадбата.. И тогаш свадбата е откажана. Не само селото Честина близу Крагујевац во кое требало да се одржи свадбата, туку дури пошироката околина не се сеќава дека се случи нешто слично, дека младоженец избегал од свадбата.

А младоженецот избегал уште додека невестата била на фризер, на последно дотерување пред да се појави пред сватовите. Младенци се од Белград, не се деца, на возраст помеѓу 35-40 години и дошле да прават свадба во селотобидејќи родителите на нвесетата биле од тој крај.

Требало да се изврши и црковно венчавање во тамошниот манастир Каменац, каде би се заколнале на вечна љубов. Но, кавгата почнала вечерта, поточно ноќта пред свадбата. Деталите не се познати, иако е познато дека било тензично што зџавршило со свадба - без младоженец.

Роднините велат дека тензиите почнале кога младоженецот и забележал на невестата дека пред свадбата непотребно со мајката заминала во странство, дали било љубомора или пат против нивен поинаков договор, останува да се претпоставува.

Од страната на уплаканата невеста велат дека неверен бил младоженецот, и дека во селото го забележале како наместо на свадба заминува на мотор со друга девојка.

Како и да е, свадба нема а луѓето се прашуваат што станало со печеното теле и купот појалоци кои чекале на сватовите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk