Wartburg 353 почнал да се произведува во 1966 година во тогашната Источна Германија, како домашен автомобил со средна големина.

Верзијата на лимузината е долга 4,22 метри, но многумина беа повеќе привлечени со практична варијанта на караванот, кои сеуште можете да ги сретнете во близина на пазарите како издржлива за товарање.

Еден таков Вартбург се појави во оглас, за продажба, во Хрватска со регистарска таблишка ЗГ-Шериф. И нема да има ништо чудно, се додека не ја видите цената.

Сериозен или не, сопственикот на овој Вартбург 353 W од 1977 година бара за него точно 101.000 евра! Тој вели дека е можна и замена за друг автомобил или недвижен имот.

на оваа цена, И додека некои се посмеваат на оваа цена други веруваат дека релативната вредност на автомобилот најверојатно ќе се добие ако последните две или три нули бидат изоставени.

Како што е наведено во огласот овој WARTBURG има мотор од 993 CC и 37 kW (50 КС) и управувано 75.000 км. Менувачот е механички со 4 степени.

Огласот стои и цената не се менува веќе две недели, се чека мераклија за олдмобили па макар би и Вартбург.