logo
logo
logo

НАТО распоредува дополнителна војска на Косово

Vecer | 21.09.2022

НАТО распоредува дополнителна војска на Косово

Претходните обиди да се воведат регистерски таблички на северот на Косово, каде мнозинството е српско население, доведоа до судири меѓу полицијата и Србите кои ова лето поставија блокади на патиштата.

Тие беа отстранети кога мировниците на НАТО се вклучија во следењето на постапката, а косовските власти го продолжија рокот до 31 октомври. Како што се приближува тој датум, се зголемуваат стравувањата од конфликт меѓу Косово и Србија, повеќе од 20 години откако НАТО ја бомбардира Србија.

„Како дел од нормалното планирање на распоредувањето на силите, има резерви обучени да дојдат овде“, им рече на новинарите во кампот Бондстил командантот на источниот сектор на КФОР, полковник Кристофер Самулски.

Околу 3.700 мировници на НАТО моментално се распоредени во поранешната српска покраина за да го спречат насилството меѓу етничките Албанци и Србите. Американскиот офицер не прецизирал колку дополнителни војници пристигнале на Косово, но спомна единица „со големина на баталјон“. Еден баталјон обично се состои од 500 до 1000 војници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk