Романија бара

НАТО повеќе да се ангажира во реонот на Црното Море

По незаконската анексија на Крим сведоци сме на натрупување на руските сили и оружје, што доведе до промена на рамнотежата на силите, изјави романскиот министер за надворешни работи Теодор Малешкану

Романија се залага за поактивна улога на НАТО во реонот на Црното Море, како гаранција за безбедноста на членките на Алијансата од овој регион, изјави романскиот министер за надворешни работи Теодор Малешкану.

- По незаконската анексија на Крим сведоци сме на натрупување на руските сили и оружје, што доведе до промена на рамнотежата на силите. Во Црното Море постоеше рамнотежа на силите меѓу Русија, Турција, Романија, Бугарија и Украина, но тоа сега повеќе не е така, рече Малешкану во обраќањето на 63-та сесија на Парламнетраното собрание на НАТО, што започна завчера во Букурешт.

Малешкану оцени дека руските сили кои сега се распоредени во реонот на Црното Море не пратставуваат закана само за овој регион, туку и за Источна Европа, Медитеранот и за Блискиот Исток.

Поврзани

Најнови вести

Коментари