logo
logo
logo

НАТО: Подготвени сме да испратиме уште војници на Косово

Vecer | 01.06.2023

НАТО: Подготвени сме да испратиме уште војници на Косово

„НАТО ќе остане буден. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна и заштитена средина, но и да ги смириме и намалиме тензиите“, изјави Столтенберг за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

Немирите во северно Косово се интензивираа откако албанските градоначалници ја презедоа функцијата во областа со мнозинско српско население по изборите во април кои беа бојкотирани од Србите.

НАТО одлучи да ја засили својата мисија од 4.000 војници во регионот со 700 дополнителни војници, откако во понеделникот беа повредени 30 членови на КФОР и 52 српски демонстранти.

Столтенберг го нарече насилството врз војниците на НАТО „целосно неприфатливо“ и рече дека сојузниците подготвуваат повеќе војници во случај НАТО да има потреба да испрати дополнително засилување во регионот.

„Нашата порака и до Белград и до Приштина е дека тие мора да се приклучат, со добра волја, на дијалогот со посредство на ЕУ“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk