НАТО испраќа уште 700 војници на северот на Косово од оперативните резервни сили на Западен Балкан

НАТО распоредува дополнителни 700 војници на северот на Косово, откако 30 членови на нивната мировна мисија беа повредени во судирите со српските демонстранти во областа на неколку градови.
„Одлучивме да распоредиме уште 700 војници од оперативните резервни сили на Западен Балкан“, изјави за новинарите во Осло генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека НАТО, исто така, „ќе стави дополнителен баталјон од резервните сили во состојба на висока готовност, за да можат да бидат распоредени доколку е потребно“.
Да потсетиме, еден баталјон обично се движи од 300 до околу 1000 војници.
Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, моментално се состои од речиси 3.800 војници.
Извор: al-Jazeera