logo
logo
logo

“Наредбата на Бајден најмногу СЕ ОДНЕСУВА НА СРБИЈА“

Vecer | 13.06.2021

“Наредбата на Бајден најмногу СЕ ОДНЕСУВА НА СРБИЈА“

Новиот декрет на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој се заканува санкции против политичарите на Западен Балкан, најмногу се однесува на Србија.

Така тврди американскиот аналитичар за надворешна политика Едвард Џозеф. Тој во текстот во  „Форин полиси“ пишува дека продолжувањето на извршната наредба за борба против корупцијата на Балканот, како и предупредувањето за мерки против оние кои не ги спроведуваат споменатите договори, ги поткопуваат демократските процеси и човечките права.

Џозеф наведува дека указот му дава на Бајден катализатор за собирање поддршка меѓу сојузниците на САД на самитите ЕУ-НАТО следната недела, испраќајќи силен сигнал за западното единство пред состанокот на американскиот претседател со рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

Тој оценува дека инерцијата во Брисел и во рамките на самиот Стејт департмент претставува силна пречка за реализација на принципиелната визија изразена од американскиот претседател и неговиот државен секретар и забележува дека САД и ЕУ во моментов имаат двостепен систем кога станува збор за демократски стандарди на Балканот.

Џозеф тврди дека српската влада, предводена од претседателот Александар Вучиќ, има најповолен третман од претставници на САД и ЕУ и дека, за разлика од „диктаторите од Студената војна“ како Јосип Броз Тито, кого го поддржуваше Западот, Вучиќ е штит за противниците на Запад, Русија и Кина, и заклучува дека кандидатурата на Србија за ЕУ ​​е „главно апсурдна“.

Тој додава дека неурамнотежениот третман на Западот кон Србија е најинтригантен и еден од главните предизвици за мисијата на Бајден да собере европска поддршка за демократијата. Според него, на Албанија долго време и беше одбиена можноста да ги отвори преговорите за членство во ЕУ поради корупција и отстапувања од демократската практика, а САД само што го санкционираа поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Додека американскиот амбасадор во Албанија веднаш објави соопштение од Белата куќа на Твитер, американскиот амбасадор во Србија му честиташе на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, кој е Србин, за неговиот избор за МВП.

"Спротивставените твитови го илустрираат проблемот. Бајден и Блинкен испратија неколку јасни пораки до регионалните лидери и гледаме пониски службеници што ги разводнуваат", пишува Џозеф

Во февруари, продолжува аналитичарот, Бајден му напиша и порача на Вучиќ и српското раководство да спроведе реформи и да го признае Косово, а Амбасадата на САД, како што наведе, брзо негираше дека тоа претставува промена во американската политика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk