Наместо во затвор хрватски воен злосторник одмара на бања

Воениот злосторник, Томислав Мерчеп наместо во затворска ќелија, деновите ги поминува на бањата, пишува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на свои извори. Мерчеп е осуден на казна затвор во време траење од седум години поради убиство на 43 цивили.

Во судот за време на неговите судски рочишта беше докажано дека неговите подредени незаконски уапсиле вкупно 52 лица, од тие 52 лица само шест успеале да преживеат, тројца се водат како исчезнати, а останатите се убиени.

Тој бил суден по 25 години откако ја организирал првата единица во Вуковар, пишува „Индекс“ и додава дека тој конечно по 25 години бил осуден за злосторствата извршени под негова команда, но, Република Хрватска прави сé за да го олесни престојот во казнено-поправниот дом, па така летото тој го минува во термални бањи, пишува хрватски „Индекс“ и посочува дека тој и мината година се одмарал на бања.

Хрватски „Индекс“ побарал став околу ова прашање и од министерството за правда од каде во својот одговор навеле дека „на еден затвореник врз основа на препораки на лекари му е дозволено посетување на болничка здравствена установа“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари