logo
logo
logo

„Честитам - ќе останеме запаметени како најкратката влада“

Vecer | 20.08.2022

„Честитам - ќе останеме запаметени како најкратката влада“

Дритан Абазовиќ изјави дека се чувствува горд по синоѓешната дискусија и упати честитки за новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ.

Тој рече дека се надева дека наскоро ќе се постигне договор.

„Од денеска ситуацијата ни е полесна - со оваа држава ќе владеат или криминалци или граѓани. Ние сме на страната на граѓаните“, рече Абазовиќ.

Тој на новинарите по седницата изјави дека е горд на она што го направиле за 100 дена и дека ќе бидат „запаметени како најкратката влада, но која имала тешки задачи“.

„Тука сме да продолжиме да се бориме заедно за граѓанска, демократска и еколошка Црна Гора“.

Тој им се заблагодари на сите пратеници кои не ја поддржаа иницијативата, особено на Генци Ниманбегу.

Рече дека нема да учествува во новата Влада.

“А јас сфатив дека нема да има биде ниту СНП. Нека седнат на маса Мило Ѓукановиќ, Алекса Бечиќ и Дамир Шеховиќ и нека се договорат за ново мнозинство“, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека не сака секојдневните покани за седнување на маса и дека е привилегија да се биде опозиција на „ваков ДПС“.

На прашањето како би одел на изборите без Уставниот суд, тој одговори: „прашајте ја ДПС“.

https://vecer.mk/balkan/padna-vladata-na-dritan-abazovikj/

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk