logo
logo
logo

На ВЕЉА НЕВОЉА му се слошило, дознал какви докази има полицијата

Vecer | 23.04.2021

На ВЕЉА НЕВОЉА му се слошило, дознал какви докази има полицијата

На Вељко Беливук во јавноста познат како Веља Невоља денес му се слошило, па морал да добие и лекарска помош. Судејќи по се, до него стигнале информациите за најновите сознанија на полицијата и обвинителството.

- Според приказната на нивниот „војник“ кој решил да проговори, кога и да убиеле некого, Беливук и Миљковиќ, со најблиските соработници организирале славење, вели соговорникот и додава: – Уживаа во тортура, злоупотреба и убивање. Сега не им е добро. Ниту нему ниту на Миљковиќ. Тешко го поднесуваат притворот. А Беливук вчера беше пред срцев удар. Миљковиќ е, исто така, болен, особено што му е пронајден и одземен мобилниот телефон. Интересно, но тој имаше најмногу разговори со сопругата. Веројатно, така преку неа течела комуникацијата и со другите членови на групата.

Во овој момент, Обвинителството за организиран криминал (ТОК), со помош на полицијата и БИА, наводно собрало доволно докази за да ги обвини Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на нивната криминална група. Собраните докази, како и сведочењата на членовите на тимот, како и на девојките, кои переле пари за нив, но исто така биле сведоци на монструозните ликвидации на ривалите (повеќето добиле статус на сведок), се доволни за да бидат осудени на доживотна казна.

Во почетокот тие, покрај другото, биле осомничени за три убиства - на Милан Лепоје, Горан Величковиќ - Гокси и Здравко радојевиќ, како и за трговија со наркотици. Во меѓувреме собрани се докази за нови злостроства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk